(ФОТО) 17-годишна убавица која е родена во машко тело
Повеќето луѓе кои се во животот го смениле својот пол тврдат дека тие едноставно се родени во погрешно тело. Таков е случајот со Ема, атрактивна русокоса девојка, што е тешко да се поверува дека се родила како машко.
Ема Елингсен уште е на возраст од 9 години била свесна за својата состојба и им кажала на своите родители дека се чувствува како девојче.
Нејзините родители го прифатија тоа и и помогнаа да се реализира како жена, а благодарение на тоа, Ема сега е една од најпопуларните блогерики на Инстаграм, модел и една од најсреќните луѓе, како што таа самата сака да се дефинира.
Во 2018-та година, Ема направи пауза во своето образование за да се фокусира на кариерата како блогер на социјалните мрежи.
- Јас гледам на ова како на бизнис, на професија, бидејќи се трудам да заработам што повеќе пари, но, исто така, го работам ова и од лично задоволство- изјави Ема, која поради својата убавина и чувство за мода, го доби прекарот „Норвешката Кендал Џенер".