(ФОТО) Актерката Драгана Левенска во провокативна ноќница

Драгана Левенска е една од нашите најубави актерки. Таа на својот Фејсбук профил сподели две фотографии од снимање, во кои е облечена во провокативна темносина ноќница. Драгана плени со својата природна убавина, а за каква сцена станува збор останува да откриеме.


- Како актер, мојот ден е секогаш различен, без стандарни термини и обврски. Кога имам нов проект во театар, мојот ден е целосно посветен на тоа и притоа немам буквално време за ништо друго. Но со текот на годините и искуствата научив како и во тие денови да најдам време за себе и својот психофизички баланс, кој сметам дека е многу важен за сите нас. Веќе подолго време со задоволство го посетувам „Project Fit“, каде што редовно вежбам фитнес. Исто така, редовно пешачам, а во последно време морам да го спомнам и дружењето со Водно, особено во викендите - откри таа за Женски Магазин.