(ФОТО) Анастасија, ќерката на Наум изгледа одлично по породувањето, ќерката е копија на татка си
Фолк-пејачката Анастасија Петреска, ќерката на Наум Петрески со сопругот Владимир и со ќерката Андреа е на летен одмор. На својот Инстаграм профил, Анастасија објави фотографии на кои се гледа дека изгледа одлично.
Анастасија ја роди Андреа на 5 март годинава, а името е на желба на нејзиниот сопруг, Владимир Поповски, кој е исто така музичар. Тој е пејач во групата „Биоритам“. Анастасија и Владимир беа во врска две години, а се венчаа на почетокт од оваа година.
Андреа, ќерката на Анастасија и на Владимир е копија на татка си
„ Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми соопшти. Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, ни изјави Наум Петрески кога дозна дека ќе стане дедо.
Андреа е најстарата ќерка на Наум Петерски, а Андреа е неговата прва внука.