(ФОТО) Брејк и Драгана добија ќерка

Пејачот и бизнисмен Дарко Гелев-Брејк и неговата сопруга, Драгана Клопчевска утрово добија ќерка. Драгана, која е поранешна Мис на Македонија а сега успешнна жена претприемач, објави фотографии од ќерката Деа, која се роди во болницата „Аџибадем Систина“.

„Во 03:44, денес се роди Деа, 3340 грама, 52 сантиметри со апгар тест 9/10 
Те сакаме малечка наша“, напиша Драгана на својот Фејсбук профил.

Постариот син на Драгана и на Брејк, Давид, има неполни шест години, а Брејк го има и синот Марко.