(ФОТО) Четири години,различна магија: Божиќните украсувања на Меланија Трамп низ годините во Белата куќа
Додека сите зборуваат за овогодинешната бајковита декорација на Меланија Трамп, за Белата куќа за овој Божиќ, ние решивме да ве потсетиме на оние од изминатите години, кои беа подеднакво толку магични.
Меланија го дочека првиот Божиќ во Белата куќа во 2017-та и се погрижи за секој детаљ во неа. Темата тогаш беше традицијата и секоја соба беше омаж на американската традиција.
Облечена во бел фустан од „Диор“, во комбинација со златен ремен и златни салонки, ги дочека најмалите дечиња и се потруди да направи овој ден да им биде незаборавен.
Следната, 2018-та година, тогашната прва дама на САД повторно воодушеви со празничната бајковита атмосфера во Белата куќа.
Буквално сѐ изгледаше совршено.
Минатата година за украсувањето по пoвод новогодишните и божиќни празници, таа пак избра тема со наслов „Духот на Америка“.
Американскиот дух во божиќно руво, се пресликуваше во белите украси со мотиви на ѕвезди и линии, какви има на американското знаме.
Белата куќа тогаш беше украсена со многу бели и црвени цветови и снег.
Во украсување на домот на Меланија ѝ помогнаа низа волонтери, кои првата дама ги објави на своите социјани мрежи и официјално им се заблагодари.