(ВИДЕО+ФОТО) Раскошни Божиќни детали: Меланија Трамп за последен пат ја украси Белата куќа
Меланија се повикува на чувство на национално единство додека за последен пат покажува раскошни украси за Божиќ во Белата куќа. Првата дама им се заблагодари на волонтерите кои ја украсија Белата куќа за сезоната на празници. Таа ја одбра темата „America the Beautiful (Убава Америка)“ за нејзината последна празнична тема на видеото споделено во вчера.
Белата куќа соопшти дека помала волонтерска група украсувала поради пандемијата на коронавирус.
Меланија на видеото носи златна кошула од Дрис Ван Нотен вредна 1.060 долари и црно молив здолниште додека го прегледува декорот.
Меланија Трамп на Твитер објави и видео – снимка на која се гледаат натписи од нејзината хуманитарна кампања „Биди најдобар“, што е наменета за децата од ранливите категории.
During this special time of the year, I am delighted to share “America the Beautiful” and pay tribute to the majesty of our great Nation. Together, we celebrate this land we are all proud to call home. #WHChristmas pic.twitter.com/fdZmB3rdXL
— Melania Trump (@FLOTUS) November 30, 2020
Видео и Фото: Твитер
Можеби ќе ве интересира:
Стил на денот: Меланија Трамп во невообичаен капут за пречекот на божиќното дрво во Белата куќа