(ФОТО) Дали ќе бидам друга дека сум постара една година: Снеже Велков слави роденден
Од девојчето кое ја водеше тинејџерската емисија „Ред хот“, преку новинарка и уредничка на естрадниот Тв магазин „Бекстејџ“, до македонска домаќинка од Белград во лиценцираните Тв шоуа „Икс фактор“ и „Големиот брат“, препознатливото тв лице Снеже Велков стана пилатес инстукторка. Неодамна се врати пред ТВ екраните со хуманитарната емисија „Вип на еден ден“.
Таа денес слави роденден и полни 38 години. По тој повод сподели фотка со емотивна порака:
„38 полни.Денес.
Дали сега нешто ќе се случи различно?Дали од утре ќе се случи чудо?
Дали ќе бидам друга дека сум постара една година?
Исто како и со сакото.Се е исто само бројката т.е бојата е друга.
#38yearsyoung #5thmarch
А што си посакувам?
Љубов до небото,убави мисли во главата мерак на срцето и спокој во душата.“