(Фото) Повлечена од јавноста: Ова е сестрата на Хари и на Вилијам

Добивај вести на Viber

Принцот Хари и принцот Вилијам имаат сестра. Станува збор за 40-годишната ќерка на Камила Паркер Боулс, сопругата на принцот Чарл. 

Полусестратата на двајцата најозборувани луѓе во светот, принцот Вилијам и принцот Хари, јавноста ја запозна на венчавката на Чарлс и Камила во 2005 година. Тогаш светот дозна и за нивниот полубрат, критичарот за храна Том Паркер Боулс, познат по неколку телевизиски серии за храна.

Сепак, г-ѓа Лора Лопес низ годините успеа да ја сочува приватноста и покрај тоа што е внука на кралицата на Англија.

Едно е јасно. Таа има многу добри односи со нејзините браќа и сестри. Беше на листата на гости и на свадбата на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во 2011-та година, и сега на свадбата на Хари и Меган Маркл минтата година.

Нејзината малечка ќерка беше една од деверушите на Кејт.

Лопес се омажи за поранешен модел на Calvin Klein и син на барон, Хари Лопес во 2006-та година, во Лакок, Англија. Заедно со Елиза (11), двојката ги има и деветгодишните близнаци Гус и Луј.