(ФОТО) Дани Димитровка во мантилот кој ќе ја обележи есента
Пејачкта Дани Димитровска деновиве ужива во летниот одмор во Египет. Но непосредно пред да замине таму, таа снимаше видео-запис за нејзината нова омилена песна.
- Снимавме видео за мојата нова омилена, сѐ уште необјавена песна... колку што пече сонцево у овој „trench coat“ те толку силно го чекам денот на објава. Песната ми е љубов од одамна. Време и е.. Наскоро. Многу наскоро- напиша таа под објавената фотографија на Инстаграм.
Дани е препознатлива по својот едносавен стил со доза сексапил. Таа за снимањето на спотот од русокоса, премина во убавица со розова коса, која одлично ѝ стои.
Кога сме кај стајлингот, неверојатно убавиот мантил во крем боја од „Soctch & Soda“ достапен во мултибренд продавницата на „Fashion & Friends“, дефинитивно направи полн моден погодок.
Станува збор за мантил кој ќе ја обележи сезоната која следува.
Фото: Стоилковски Бојан/ Инстаграм