(ФОТО) ДИРЕКТНО ЈА КОПИРА МЕГАН МАРКЛ: Кејт Мидлтон драстично го промени стилот

Добивај вести на Viber

Веќе подолго време еден од најголемите модни дуели за кои зборува цел свет не се одвива во Холивуд, туку на другата страна од Атлантикот. Британското кралско семејство отсекогаш ужива огромна популарност, но откако Меган Маркл и Кејт Мидлтон внесоа модерен концепт во прилично конзервативната фамилија, целото медиумско внимание е насочено кон нив.

Во годината што изминува главната ѕвезда очекувано беше Војвотката од Сасекс, поранешната актерка Меган Маркл. Но, последниве месеци откако се „врати“ од породилно, Кејт Мидлтон е се’ поприсутна на јавната сцена, а критичарите веќе пишуваат за тивката војна меѓу нив две, особено кога е модата во прашање.

Впечатокот на многумина е дека Кејт драстично го проимени стилот и дека се’ повеќе ја копира Меган. Војвотката од Кембриџ наеднаш почна да отстапува од досегашните нејзини поконзервативни изданија на кои долго време инсистираше и сега се’ повеќе наликува на Меган.

Неодамна Мидлтон блесна во салонки, црни панталони со висок струк и сако, комбинација која веќе ја видовме кај Маркл во февруари годинава. Дали навистина Кејт ја копира Меган, проценете сами.