(ФОТО) Џенифер Анистон во бикини: Актерката покажа како изгледа на 50 години
Една од омилените американски актерки Џенифер Анистон која годинава го прослави јубилејниот 50-ти роденден, со својот изглед покажа дека можат да ѝ завидуваат и многу помлади колешки. Ѕвездата од хит-серијата „Пријатели“ е сликана во минималистички бикини, кое во прв план го става нејзиното тело, но и прекрасните облини.
Џенифер со
својата појава привлече огромно внимание на прославата на 55-от роденден на
нејзината најдобра пријателка Кортни Кокс во Сан Лукас, Каба. Другарките се
забавувале во луксузен ресорт покрај океанот. На истото место, во февруари оваа
година, актерките го прославија и роденденот на Џенифер Анистон, која денес
изгледа посреќно и подобро од било кога, иако е сама.
Џенифер не се гледа со никого и моментално е многу задоволна и исполнета од работата, потврува извор близок на актерката.