(ФОТО) Едно парче за совршен стајлинг: Кејт Мидлтон во бојата на љубовта

Добивај вести на Viber

Војвотката од Кембрич, Кејт Мидлтон заедно со сопругот, Принцот Вилијам имаат кратка празнична прошетка низ Велика Британија. Во рамки на кратката претпразнична турнеја низ кралството, Кејт Мидлтон го посети Велс, а по тој повод ги воодушеви сите присутни со својот изглед.


Британската модна икона уште еднаш покажа дека е потребно едно парче за совршен стајлинг - долг црвен капут! Имено, токму овој капут, војвотката го носи по втор пат годинава.


Со него, не ви треба многу за да ја доведете комбинацијата до совршенство - Кејт го стори тоа совршено со тоа што прекрасниот капут го комбинираше со црни чизми од антилопа, кожени нараквици и мала црна кожена чанта.


Под капутот имаше црна ролка - парче што е апсолутен хит секоја есен и зима, а како последен детал, софистицираната војвотка носеше црно-црвен кариран шал.


Фото:Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

Не ги знаевме овие детали: Како Кејт и Вилијам навистина се запознале