(ФОТО) Фармерки кои мора да ги имате оваа зима: Французинките ги обожаваат

Добивај вести на Viber

Заборавете на „skinny“ фармерките, тесните ногавици веќе не се во мода!

Страсните љубители на модата знаат дека стилот на седумдесеттите години е повторно „ИН“. Од модните недели одржани во септември минатата година, па сè до новите колекции на дизајнерите како Балмејн, Викторија Бекам и Ула Џонсон, стана јасно дека ѕвонарките ќе станат задолжителни за сечиј гардеробер. Подеднакво се носат и во лето и во зима, па токму затоа се едни од најдобрите модни инвестиции во секое време.

Ваквите фармерки ја издолжуваат фигурата, изгледаат ретро и прават да изгледате секогаш совршено стилизирано, дури и ако сте одбрале варијанта со обична маичка и патики. Од друга страна, ако сакате да изгледате моќно и елегантно, комбинирајте ги со кошула и високи потпетици.

Како најпознати трендсетерки, Французинките меѓу првите го прифатија овој тренд и започнаа да ги носат во сите изданија!