(ФОТО) Гоца Тржан без шминка: Порака која треба да ја прочита секоја жена

Добивај вести на Viber

Гоца Тржан иако зачекори во петтата деценија од животот, на изгледот може да ѝ позавидат многу помлади жени. Пејачката нема проблем да го покаже своето природно лице без шминка, а тоа го направи и пред камерите на една популарна српска телевизија.

Тржан откри и што мисли за ботоксот, но и за пластичната хирургија воопшто.

- Кога мажот те сака, тој не гледа во твоите брчки на лицето. Вистинскиот маж не е како останатите кои би те сакале само затоа што изгледаш помлада. Вистинскиот маж те сака затоа што му даваш поддршка и затоа што си баш онаква каква што те замислува дека треба да бидеш. Тоj е човекот кој го прифаќа мојот начин на живот и дека разбира дека добриот изглед ми е само работа. Инаку, не, не сакам ботокс. Сето тоа ми изгледа одвратно - порача Гоца.