(ФОТО) Хајди Клум бремена на 45 години: Петто дете на пат?

Добивај вести на Viber

Британскиот магазин Hello! носи приказна за наводната бременост на 45-годишниот супермодел Хајди Клум, која во последните девет месеци е во врска со младиот музичар Том Каулиц.

Двојката неодама ја шокира јавноста со објавувањето на веридбата, бидејќи никој не претпоставуваше дека славната германка повторно ќе заплива во брачните води, по пропаднатиот брак со пејачот Сил.

Да потсетиме, Хајди со Италијанецот Флавијо Бријаторе ја има13-годишната ќерка Лени, додека од бракот со Сил има три деца-синовите Хенри(12) и Јохан(11), како и ќерката Лу(8).

Гласините за бременоста ги започна модниот дизајнер Волфганг Јуп, кој заедно со Хајди е дел од жирито на шоуто Germany's Next Top Model, па откри дека манекенката и нејзиниот вереник се подготуваат за доаѓањето на приновата.

Двојката се уште не ја потврди, а не ја ни демантира оваа вест.