(ФОТО) Хари и Меган го воодушевија светот со нов портрет: Што носи војвотката на раката?

Добивај вести на Viber

Меган и принцот Хари го воодушевија светот со најновиот портрет создаден пред само неколку дена. Откако го напуштија кралското семејство, војводата и војвотката од Сасекс не беа во можност да се пофалат со нови фотографии. Сепак, американското списание „ Time“ ги вклучи Хари и Меган во специјалното издание на „Time100 Talks“ како едни од највлијателните гласноговорници во светот. По тој повод беше направена прекрасна црно-бела фотографија, прва нивна професионална фотка по заминувањето од британскиот двор.

View this post on Instagram

A post shared by HELLO! Magazin (@hellomagazinsrbija) on


Расположени и насмеани, Меган и Хари позираат пред камерата, а еден детаљ на раката на славната војвотка го украде целото внимание. Имено, во чест на мајката на Хари, принцезата Дајана, Меган решилана левата рака да го стви скапоцениот часовник на Лејди Ди. Прекрасниот златен часовник „Cartier“ Tank Française кој ѝ припаѓаше на мајката на Хари, иако на црно-бела фотографија, веднаш го привлече вниманието на јавноста. Се проценува дека неговата вредност е околу 23.000 долари.

View this post on Instagram

A post shared by Lady Janelle (@royalreplimeghan) on



Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Дури сега откриено: Потегот на принцезата Дајана со кој им остави аманет на сопругите од Вилијам и Хари

Конечно на своето: Меган Маркл после долго време се појави во краток шорц