(ФОТО) Хумана и модерна: Меланија Трамп во најпосакуваните чизми сезонава

Добивај вести на Viber

Меланија Трамп беше во празнична посета на воената база во Вашингтон, на покана на американските маринци, кои секоја година околу Божиќ организираат акција за собирање играчки за децата.

48-годишната прва дама се одлучи за нешто посекојдневен стил, но во исто време многу модерен, и секако со високи потпетици што го носи во повеќето случаи. Тесните темно-сини фармерки, Меланија ги стави во јакна во комбинација со карирана црвено сина јакна од германскиот дизајнер Томас Мајер.

Целокупниот стајлинг го зачини со уште едно трендовско парче што минатиот месец ги преплави продавниците и стана предмет на желба на трендсетерките во целиот свет - згужваните чизми.

Меланија им се приклучи на децата во цртање и сликање и им ги додели божиќните подароци - слатки и боенки, по што даде краток говор, им се заблагодари на маринците за ваквата акција и во името на Белата куќа донира 100 книги.

- Со нетрпение се радував на оваа средба уште откако заврши минатогодишната. Како мајка сметам дека децата се најскапоцениот подарок. Тие ни даваат толку многу радост во животот- рече Меланија во своето обраќање.