(ФОТО) Исти насмевки како мама: Тамара е горда на своите деца

Добивај вести на Viber

Тамара Тодевска со семејството е на викенд на планина. Поп-ѕвездата објави фотографија од своите деца, Хана и Дарен на жицарницата во Маврово.

„Гледајќи ги среќни е едно од најубавите чувства засекогаш“, напиша таа под фотографијата.

Пријателите коментираат дека Хана и Дарен се преслатки, личат еден со друг, а ја наследиле насмевката од мајка си, нешто по кое што Тамара е препознатлива. 

Хана во април наполни три години, а Дарен има осум месеци. Евровизикста песна Proud, која Тамара со многу емоции ја испеа во Тел Авив на Евросонг, ја посвети на ќерката.