Иако пејачката Нина Бадриќ во јавноста не ја експонира сестрата Сунчица, ги почести фановите со нивна заедничка фотографија, на која е и синот на сестрата, малиот Марко.
- Пргава фотографија- стои во описот под фотката, а следбениците веднаш ја искоментираа сличноста меѓу сестрите.
Инаку Сунчица некогаш ѝ беше менаџерка на Нина, но животот ги однесе на различни страни. Сунчица се пресели во Рим, со сопругот и синот на кој Нина е многу горда.