(ФОТО) Изненадувачки затегнато лице: Никол Кидман непрепознатлива

Добивај вести на Viber

Актерката Никол Кидман на доделувањето на интернационалните награди Taormina Arte на Сицилија се појави со изненадувачки затегнато лице, па многумина прокоментираа дека е дури непрепознатлива.

Славната 52-годишна оскаровка со години е мета во јавноста поради наводните естетски корекции кои ги направила, иако таа цело време негира дека има пластични операции.

- Искрено, се’ е на мене природно. Користам само крема за сончање и не пушам. Се грижам за себе и горда сум што ова можам да го кажам - изјави Кидман во едно интервју за Marie Claire.

Сепак, неколку години подоцна, во разговор за еден германски магазин призна дека пробала ботокс, но дека не ѝ се допаднал конечниот резултат.

Извор: Нет.хр