(ФОТО) Ја промени фризурата и ослабна: Деа се врати на екраните најубава досега

Добивај вести на Viber

По закрепнувањето од големата несреќа која за малку ќе завршеше со фатални последици, Деа Ѓурѓевиќ (27) се врати на малите екрани. Утринава на телевизија Пинк српската водителка изгледаше комплетно освежена, со нова фризура и неколку килограми помалку.

На многумина вниманието им го привлече необичниот прстен на десната рака на прстот кај што се носи бурмата, па многумина се посомневаа дека можеби тајно се венчала со колегата Младен Мијатовиќ.

Деа, во текот на денот ги отфрли овие шпекулации, иако призна дека сега кога исклучително тешкиот период со кој се соочија е зад нив, сериозно размислуваат да го изговорат судбоносното „ДА“.

Ѓурѓевиќ во февруари годинава доживеа тешка сообраќајна несреќа во која ѝ беше откината раката, а по низата комлицирани интервенции лекарите успеаја да ѝ го спасат животот. 

И покрај лошите прогнози, се разбуди од кома, а во интервју за „Базар“ раскажа дека во тие тешки моменти единствената мисла која ја водела била дека е премлада за да умре.