(ФОТО) Каја е копија на мама: Наташа Мерсовска објави слики со ќерката

Новинарката Наташа Меросвска, уредничка на бизнис вестите на „Сител“ објави нови фотографии од својата ќерка Каја, која наскоро ќе наполни четири месеци.

Мерсовска, во декември лани отворено раскажа дека е среќна што ќерката ја донела на свет и покрај ризичната бремност. За „Женски магазин“ минатиот месец, таа ја раскажа целата приказна и за тоа како ѝ поминува вемето со Каја.

„ Веднаш штом дознав дека сум бремена заминав  во Битола, за да им ја кажам на родителите убавата вест. Но, дента пред да се вратам во Скопје обилно искрварив и ме хоспитализираа во болница неколку дена. Крварењето го предизвика хематом, кој беше поголем од плодот и  според обајснувањето на докторите се јавува и без некоја причина. Ми беше строго забрането движење. Кога крварењето се намали, по два месеци се вратив во Скопје, каде што ми ја водеа бременоста и продолжив со контролите“, откри Мерсовска.

Таа вели дека Каја наследила гени и од неа и од сопругот. „Има очи како татко ѝ (се надевам дека нема да ѝ се променат), формата е како моите. Кога ќе се налути го собира челото и тогаш е иста како Александар“, додаде новинарката. 

Наташа вели дека ужива во денот со ќерката, а нејзиното раѓање ја направило подобра и поодговорна линост.