(ФОТО) Како ќе изгледа вечното почивалиште на Тоше Проески

Општина Крушево избра идејно решение за уредување на гробот на Тоше Проески. Со тоа е откочена процедурата за изградба на достојно почивалиште на музичката ѕвезда, 12 години по неговата трагична смрт, јавува 360stepeni.mk

Автор на идејното решение е Жарко Чаушевски, кој бил и единствениот пријавен на конкурсот. Истиот автор победи на конкурсот за уредување на гробот на Проески и пред неколку години, но таа идеја не се реализираше. Меѓу другото, затоа што објектот беше и поголем и поскап. 

Чаушевски и е познат на македонската јавност по неколку идејни решенија за објекти што се дел од проектот „Скопје 2014“, меѓу кои - новата фасада на Владата и преслекувањето на ГТЦ во барок (што не се реализираше), информира 360stepeni.mk

Извор: „360 степени“