Ким Кардашијан веќе подолг период е ѕвездата која царува на социјалните мрежи и која поставува модни трендови. Иако, навикнавме да ја гледаме во модели со кои провоцира и заведува, овојпат таа наместо за разголување, се одлучи за предимензионирани парчиња позајмени од машкиот плакар, тренд кој е еден од водечките оваа сезона.
И покрај тоа што самиот аутфит не е особено сексапилен, мора да признаеме дека Ким сепак изгледа многу женствено.