(ФОТО) Кончита веќе нема долга коса и не носи фустани: Најголемото изненадување на Евровизија
Кончита се појави сосема поинаква и непрепознатлива во видео пораката на специјалното издание на Евровизија 2020.
Најголемото изненадување во специјалното шоу што се емитуваше синоќа по повод откажаната Евровизија, шоуто „Eurovision: Europe Shine a Light“, беше Кончита Вурст, австриски победник на најголемиот музички натпревар во 2014 година.
Оваа година, дел од претставата беше посветена на сите претходни победници.
Така, синоќа, Марија Шерифовиќ се претстави пред светот со емотивно видео за „Молитва“ во кое таа испрати разгледница од Белград за време на пандемијата на коронавирусот, а друго изненадување - помалку емотивно, беше Кончита Вурст со нов имиџ.
Сите се сеќаваме како Кончита настапи на натпреварот за песна на Евровизија, во долг фустан, со долга коса и брада, и предизвика скандал, а синоќа се појави во едно сосема поинакво издание - со капа, кратка коса и во долна облека.
Јас сум дома, како и повеќето од нас. Се надевам дека сте добро во овие предизвикувачки времиња. Најубавата работа што ми се случи во изминатите неколку недели е што едвај носам долен веш и толку многу ми се допаѓа!
„Останете дома, бидете безбедни и луцкасти“, рече Кончита.