(ФОТО) Кралицата со одличен, Кејт Мидлтон со разочарувачки стајлинг, а Шарлот најголема атракција

Добивај вести на Viber

Британското кралско семејство традиционално присуствуваше на божиќната миса. Кралицата Елизабета овојпат избра потполно црвен стајлинг, боја во која ретко ја гледаме.

Сепак најголемо внимание привлекоа најмалите членови на семејството. Малечката принцеза Шарлот како и секогаш, беше вистинска атракција за присутните. 

Облечена во елегантен зелен капут ги обиколи присутните луѓе, а неколку од нив и слободно ги поздрави.

Иако важи за модна икона, Кејт овојпат разочара со својот изглед. Во сивиот капут изгледаше помалку безживотно, а ситуацијата не ја спаси ни преубавиот зелен шешир, кој требаше да ја отвори целата комбинација, како ни чантата и чевлите во иста нијанса.