Пејачот Влатко Лозаноски-Лозано и текстописецот и пејачка Магдалена Ена-Цветкоска се на заеднички одмор во луксузниот хотелски комплекс „Miraggio Thermal Spa Resort“, на првиот крак на Халкидики, во Грција.
Ена и Лозано важат за добри пријатели и соработници. Таа е автор на текстовите на речиси сите негови љубовни песни, а пејачот не пропушта да ја пофали неа и нејзиниот брат, продуцентот Лазар Цветкоски во многу од интервјуата.
И претходно, Лозано и Ена беа на заедничко патување во Турција, каде што поп-пејачот го снимаше спотот за песната „Јако, јако“. Во Кушадаси, и Магдалена го сними спотот за нејзината песна “Ко да нема утре ден“. Лозано на својот инстаграм профил објави слики како нурка, а Ена како ужива во хотелскиот базен.