Животна училница // Приказни
(ФОТО) Лука Модриќ го прослави првиот роденден на својата ќерка
- 03 Октомври, 2018
Лука Модриќ се запиша во историјата како најдобар играч во светот по изборот на ФИФА. Фудбалерот ја прослави оваа титула пред една недела со своето сакано семејство и пријатели.
Сега повторно има причина за веселба. Имено, неговата најмала ќерка Софија го слави својот прв роденден, а овој момент Лука го означи на неговиот профил на Инстаграм. На фотографијата на која ја држи својата ќерка во рацете, собра речиси еден милион лајкови, што не е изненадување со оглед на тоа што популарниот фудбалер брои над 15 милиони следбеници.
Инаку, Лука е во долгогодишен брак со Вања со која има три деца, Иван, Ема и Софија. Петчленото семејство живее во Шпанија во изминативе пет години откако Лука игра за Реал Мадрид.