Животна училница // Приказни
(ФОТО) Мадона ги згрози фановите, со новата објава ги премина границите
Кралицата на поп-музиката, славната Мадона (60), со последната фотографија која ја објави на „Инстаграм“ предизвика бурни реакции, а многу од нејзините фанови сметаат дека овој потег, сепак, не ѝ бил потребен.
Станува збор за фотографија на која Мадона е во провокативен градник со тантела позирајќи со Дева Марија.
Во едно интервју кое го даде минатата недела во Австралија, Мадона истакна дека нејзина желба е да ги проимени ставовите на Ватикан околу репродуктивните права.
Инаку, музичката ѕвезда е католик, а одреден период ја следеше и кабалата. Во детството сакала да стане калуѓерка. Во чест на кабалата почна да пее на албумот Ray of Light, тврдејќи дека токму тој проект ѝ помогнал да стане „духовно чиста“.