Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Мал црн фустан од Никол Кидман кој мора да го имате
Холивудската дива Никол Кидман со своите софистицирани модни избори секогаш ги воодушевува модните критичари кои го фалат нејзиното чувство за стил.
Кидман ја воодушеви јавноста со својот стајлинг кој го носеше за време на емисијата на Џими Кимел.
Никол, која оваа година го прослави својот 51. роденден, се одлучи за минимализам: мал црн фустан со интересен детаљ во форма на ситни цветови.
Малиот црн фустан кој го покажа Кидман спаѓа во онаа безвременска модна класика која никогаш нема да биде аут, а секогаш може да се збогати со впечатлив детаљ како штикли, мала чанта, накит, елегантен шал. Тоа прави актерката да има совршен стајлинг за претстојните празници.