(ФОТО) Мамев во диетата и пак ослабев 20 килограми: Наде Талевска непрепознатлива
Поп и оперската пејачка Наде Талевска Спасовска последниве месеци постојано добива комплименти за својот изглед. Сопранот во Националната опера и балет вели дека програмата за хроно исхрана која ја добила во една скопска болница ѝ помогнала да ослабе 20 килограми.
„ После 3 бремености, брзо една по друга имав голема трансформација на телото, што е многу нормално и природно. Но, дојде до степен кога почна да ми пречи и морав да превземам нешто околу тоа. Имено, сопругата на еден мој колега започна соработка со една клиника од Скопје која топло ми ја препорача. Таа ме однесе таму, и ми ги најправија сите потребни мерења и тестирања“, раскажа на Наде за Женски магазин. Мајката на Максим, Михаил и Матео додава дека една од нутриционистките во болницата, по резултатите од испитувањата , ѝ направила персонализирана хроно исхрана по која се водела долго време.
Талевска сега
„ Во изминатава година симнав нешто повеке од 20 килограми и морам да признаам дека се чувствувам одлично во своја кожа. Повторно морам да бидам искрена како и секогаш , и да кажам дека не се придржував строго кон исхраната. Мамев малку, хахаха. Но, сепак и покрај тоа добив одлични, видливи резултати и многу сум среќна поради тоа!“, додаде Наде. На прашањето дали операските пејачки по некое непишано правило треба да се покрупни жени, таа вели:
„ Да, и јас сум го чула тоа дека за оперските пејачки велат дека треба да се покрупни. Но, и не мора да е така. Всушност, самата сцена си бара и естетика покрај вокалниот квалитет“, ни изјави Талевска.
Талевска пред диетатаЗа сопругот Ненад, таа раскажува дека од секогаш бил нејзината најголема поддршка во секој поглед, па така и во одлуката да го отстрани вишокот на килограми.
„ Се разбира дека имаше големо разбирање и огромна љубов кон сите мои промени во изгледот, и никогаш не му пречеа вишокот килограми. Но, сега е горд на мојата истрајност и финалниот резултат. Додуша, сѐ уште не е финален, сѐ уште работам на зацврстување на телото и поубаво оформување. И пресреќна сум што го имам него покрај себе како поддршка и бодрење. Сите мои блиски, семејството, пријателите, соработниците, се воодушевени од мојата трансформација“, ни рече Наде.
Во моментов, таа работи на повеќе улоги во Операта за кои вели дека е многу среќна што конечно им дошло време да паднат во нејзни раце. „Сѐ уште нема да ги коментирам јавно, но како ќе се приближува датумот на изведба, ќе ги откривам една по една“, со радост открива оперската пејачка.
Милица Џаровска