(ФОТО) Меган Маркл прекрши кралски протокол на Британските модни награди

Добивај вести на Viber

Војвотката Меган Маркл изненадувачки се појави на Британските модните награди во Лондон за да и покаже особена чест на нејзината пријателка Клер Вајт Келер, уметничкиот директор на Живанши, кој ја дизајнираше славната венчаница на Меган, а беше именувана како британски дизајнер за женска облека на годината.

Сопругата на принцот Хари како и секогаш изгледаше одлично, но овојпат прекрши еден важен кралски протокол. Имено на членовите од кралската фамилија не им е дозволено да ги лакираат ноктите со лак во темна боја. Меган ова правило не го испочитува и се појави во темен лак.

Кралицата Елизабета смета дека темните лакови за нокти се вулгарни, но очигледно е дека Војвотката од Саксес ужива во бременоста и не се грижи за таквите детали.