(ФОТО) На Јована Јоксимовиќ не ѝ гајле за критиките: Нова необична модна комбинација на водителката

Српската водителка Јована Јоксимовиќ покажа е доследна на својот стил, и покрај критиките кои постојатно ги добива од јавноста за изборот на облека во Утринската програма на ТВ „Прва“.

Претходната нејзина комбинација, српските медиуми ја нарекоа моден инцидент. Овој пат нејзиниот избор го нарекоа хронична состојба.

Сопругата на музичарот Жељко Јоксимовиќ утрово облече црно-бела секси комбинација со тантела, и гордо се прошета низ студиото презентирајќи ги новите вести, пишува белградски „Курир“.

Многу коментари, главно негативни, кружеа по интернетот откако Јована за прв пат се појави во слична комбинација, со веќе препознатливиот имиџ, со топ преку градите. Денешната облека е изгледа само продолжение на пролетната модна колекција на Јована. 

Фото: Тв Прва