(ФОТО) Наталија има 72 години: Изгледа 30 години помладо, тајната е едноставна
Наталија Варли има 72 години, но дефинитивно изгледа барем три децении помладо. Како е тоа возможно? Многу едноставно!
Руската актерка строго се држи до својот дневен ритуал кој никогаш не го менува. Секогаш се буди најдоцна до 7 часот, а навечер легнува најдоцна до 23 часот. Силно верува дека телото мора да се одмори и опорави преку квалитетен сон.
- Топло-ладно туширање ми е задолжително секој ден. Всушност, треба да се миете со со што потопла вода (до граница на издржливост) околу три минути, а потоа пуштете ја да тече на најладно цела минута. Утринските вежби за истегнување се нешто што не го прескокнувам ниту еден ден - открива Наталија.
Интересно е што таа мисли дека една од причините што го одржува младешкиот изглед е тоа што не чита хороскопи, не гледа вести пред вечерата и живее во согласност со својата совест и библиските заповеди.
- Се повлече и живее во една селска куќичка. Ретко доаѓа во Москва. Често оди во манастири, редовно оди во црква. Овој живот многу ѝ годи - раскажува еден пријател на Наталија.
Нејзина духовна храна се и децата и внуците. Тие се и нејзина инспирација и волја за живот, за нови постигнувања и успеси.