(ФОТО) НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Изгледот на Бојана Скендеровски низ годините
Популарната пејачка и водителка Бојана Атанасовска, сега Скендеровски, неодамна се реализираше во улогата на родител, а мајчинството целосно ја промени.
Македонската публика прво ја запозна како пејачка, за потоа се пронајде во улогата на водителка, а сепак тоа што е впечатливо за неа е дека со текот на годините имаше транформација на изгледот.
Како јавна личност е секогаш средена од глава до пети, но ние решивме да потсетиме на нејзиниот изглед низ годините со фотографии, кои само потврдуваат дека Скендеровски знае како да ја негува убавината.
На приватен план, Бојана ја има ќерката Искра од која пред неколку месеци сподели фотографија на својот Фејсбук профил. Бојана вели дека мајчинството многу ја променило на подобро.
„Мајчинството ме промени комплетно. Ме научи да заборавам на себичноста, ми покажа колку сум му потребна на едно мало суштество, кое е комплетно зависно од мене“, додаде пејачката чиј сопруг Васко Скендеровски е продуцент на емисијата „Улица Македонија“.
„Од многуте нешта кои ми се допаѓаат кај него, пред се најмногу ја сакам неговата несебичност, и тоа што тој е добар човек, пред сите други работи кои го красат како личност. Тој е мојата најголема поддршка во се што работам, и кога и да помислам дека нешто не ми оди, или пак нема да успее, тој постојано ме потсетува дека треба да верувам во се што правам, и да бидам упорна“, раскажа Бојана за сопругот..