(ФОТО) Неверојатно: 9 сестри од гинеколошко одделение бремени во исто време
- Дефинитивно има нешто во водата на гинеколошкото одделение во болницата во Мејн- напиша на Фејсбук, Британи Вервил, една од дури 9-те сестри од одделението кои се бремени во исто време, а на сите термините им се измеѓу април и јули.
Болница ја објави веста за деветте трудници на Фејсбук и им честита на сестрите. Медицинските сестри во рацете држат листови со крајниот датум за породување. Болницата наведе дека во потполност е подготвена да ги покрие сите смени на овие девет сестри кога тие ќе си заминат на породилно отсуство.
- Не грижете се, имаме план!- истакнаа од болницата, откако луѓето се загрижија дека ќе има компликации со бројот на вработени,
Ова не е прв пат да се случи нешто вакво, потсетува „CBS News“. Во јули шест сестри од иста болница во Северна Каролина беа бремени во исто време.
- Неверојатно е дека тоа им се случи на сите во исто време- изјави тогаш Сабрина Хадсон, од болницата во Северна каролина.