(ФОТО) Нина Деан го покажа синчето: Мама и тато те сакаат Каи

Актерката Нина Деан пред само неколку дена на свет го донесе синчето Каи, плод на љубовта од детските денови со нејзиниот избраник Мартин.

- Каи ве поздравува и ви благодари на убавите и искрени желби. Добредојде Каи. Мама и тато те сакаат- напиша таа под фотографијата од преслаткото бебе.

Нина Деан во интервју за Женски Магазин раскажа дека три години не ја видела мајка си, а пандемијата на коронавирус, ја спречила познатата кореографка Гордана Деан Поп-Христова.