Се породи Нина Деан: Уникатно име за синчето
Гордата баба Гордана, која втор пат стана баба, прва се пофали на Фејсбук:
„Се роди Каи, баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи, мили тие“
- Пресреќна сум. Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не’ одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото - изјави Нина Деан неодамна.
Потеклото на името Каи се смета за келтско / велшко, евентуално потекнува од латинското име „Каиус“.
Каи има различни значења на различни јазици - на хавајски значи море, на јапонски има неколку значења како океан, вредност, оздравување, на шкотски значи оган, на некои јазици означува некој кој е многу сакан, силен.
Во неодамнешно интервју за Женски магазин, Нина раскажа:
„Каи значи повеќе нешта на повеќе јазици. На хавајски значи океан, на кинески има повеќе значења, а најмногу означува победа, на турски значи силен. Универзално име е, во некои земји е и женско“.
Инаку таа три години се нема видено со мајка и, на 20 април требало Гордана да дојде овде и да и помага околу грижата за бебето, вирусот им ги расипа плановите.
Нина Деан доби понуда за брак во карантин, и кажа „да“ во осмиот месец од бременоста.
.