(ФОТО) Безусловна љубов: Актерката Нина Деан го покажа стомачето

Добивај вести на Viber

Безусловна љубов, напиша Нина Деан под фотографијата на која позира со голо стомаче, а која ја објави на „Инстаграм“. Познатата актерка во април годинава првпат ќе стане мајка и очигледно е и тоа како подготвена за новата животна улога.

Татко на нејзиното дете е Мартин, нејзина љубов од детските денови. Немале никаков контакт цели 13 години, а сега не само што се повторно заедно, туку наскоро ќе станат и родители.

- Пресреќна сум. Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не’ одбра нас, а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото - изјави Нина Деан неодамна.

Нејзината мајка, познатата кореографка Гордана Деан Поп-Христова, во неполна година вторпат ќе стане баба. Нејзината помлада ќерка од бракот со актерот Кирил Поп Христов се породи во јуни годинава. Јоана со сопругот Родригез Сориа Хосе Луис живее во Еквадор.

Нина Деан со мајка си, познатата кореографка Гордана Деан Поп-Христова