(ФОТО) Одбројувањето започна: Водителката Цеце тренди во последниот месец од бременоста

Добивај вести на Viber

Шарматната водителка Цеце Трајковска Тодосовска позната од утринските емисии на телевизија „Телма“ ужива во бременоста.

Претходно ексклузивно за Женски Магазин откри дека со сопругот Столе очекуваат машко бебе, и дека на почетокот пандемијата и вирусот ѝ биле едни од најголемите стравови.

Сега Цеце е веќе во последниот деветти месец од бременоста и во секој момент очекува да го роди малиот наследник.

- Одбројувањето започна- напиша таа под најновите објавени фотографии, на кои облечена во тренди фустан со животински дезен, позира со веќе големото стомаче.



Нека биде со лесно!