(ФОТО) Откако се разведе, Кајмакоски се врати во Виена
Даниел Кајмакоски, откако се раздели од сопругата Кристина Димитријевска се врати кај своите родители во Виена, градот во кој живееше од раното детство.
На социјалните мрежи, Кајмакоски објави фотографии од Виена во дружба со најблиските. На почетокот од мај, Кајмакоски за естрадниот магазин „Бекстејџ“ потврди дека се разведува од манекенката и Мис Кристина.
„ Како јавна личност секако дека го споделувам и приватниот живот со јавноста, но за сѐ има вистинско време. Јас и Кристина не сме заедно подолго време. Бракоразводната постапка е во тек. Заедно ја донесовме одлуката да се разведеме, зашто знаеме дека е тоа најдоброто за нас. Најважно ни е да бидеме секогаш добри родители на нашето дете. Комуницираме постојано, одлично се разбираме и функционираме како родители. Се поддржуваме еден со друг за идните планови и двајцата позитивно гледаме на иднината“, напиша Кајмакоски во мејлот во Белград, каде што претстојуваше тогаш.
Давид, синот на Даниел и на Кристина има две ипол години.