(ФОТО) Првото вдомено куче што влегува во Белата куќа: Бајден и нивните миленици со специфични имиња

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп немаше домашно милениче, па кучињата се враќаат во Вашингтон по цели четири години

Нов жител на Белата куќа во Вашингтон ќе биде новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, со неговата сопруга Џил. Но тие ќе бидат придружувани и од нивните миленици, германските овчари Чемп и Мејџор, кои добија и свој профил на Твитер.

- Ние сме првите кучиња во Америка, Чемп и Мејџор Бајден. Можете да не викате #DOTUS. Сакаме слатки, милувања и едвај чекаме да ја истражуваме Белата куќа- се вели во соопштението.

Постојано пристигнуваат честитки за нивниот профил и за само два дена добија над 187,000 следбеници.

„USA Today“ пишува дека внуците на Бајден го нарекле 12-годишниот Чемп, кој е во семејството од 2008-ма година, „Бајден Постариот“. Патем, името Чемп е скратено од Шампион (champion). Додека служеше како потпретседател, Џо Бајден беше познат по тоа што им даваше на децата плишани играчки моделирани по Чемп.

Германскиот овчар Мејџор пак беше вдомен од Бајден пред две години, и тој е првото вдомено куче кое влегува во Белата куќа. Тој бил едно од шесте кученца фрлени во ѓубриште и спасени со итна ветеринарна интервенција, затоа што биле изложени на отрови. Неговото име значи мајор и се претпоставува дека го добил името по синот на покојниот Бајден кој бил мајор во Националната гарда на Далавер. Патем, ова нема да биде првото куче по име Мејџор во Белата куќа - Френклин Рузвелт исто така имаше германски овчар по име Мејџор.

Доналд Трамп беше првиот претседател, уште од времето на Ендру Џонсон од 19-ти век, кој немаше милениче.