Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Разни мотиви, бои, животински принт, сребро: Сара Џесика Паркер потфрли со изгледот
Бохо фустан,
шарени хеланки со розева боја и јакна инспирирана
од дивината се деновиве омилените парчиња на познатата актерка од култната серија „Сексот и градот“. Актерката активно
работи во сопствената продавница за чевли и секој ден носи модели на нови
колекции.
Пред неколку дена, Сара Џесика Паркер потфрли со изгледот, комбинираше светли бои и разни мотиви, па дури и животниски принт.
Актерката носеше чевли од сопствената колекција, романтични сребрени Мери Џејн салонки.
Паркер важи за дама со сопствен стил, но дефинитивно овој нејзин изглед не е за пофалба.
Фото: Инстаграм/carrie_bradshaw_fan/sarahjessicaparker
Можеби ќе ве интересира:
Сексуално ме малтретираше на снимање: Сара Џесика Паркер откри трауматично искуство