Сексуално ме малтретираше на снимање: Сара Џесика Паркер откри трауматично искуство
Познатата актерка Сара Џесика Паркер (54), најпозната по улогата на Кери Бредшо во хит-серијата „Сексот и градот“, во говорот за движењето против сексуалното насилство #MeToo признала дека еден познат актер сексуално ја малтретирал за време на снимање, пишува „Дејлимејл“.
Паркер не откри за кој проект се работи но раскажа дека им се заканила на продуцентите оти ќе го напушти снимањето ако актерот не ја остави на мира. Агентот ѝ купил билет во еден правец за секој случај, ако малтретирањето не престане.
„Без оглед на тоа која беше мојата улога на тоа снимање, не се чувствував моќна како актерот кој недолично се однесуваше. Имаше многу ситуации во кои тоа се случуваше, а јас всушност бев еднакво моќна како него. Мислам, имав право да кажам: Ова е непристојно“, изјавила Сара.
Потоа, нејзиниот агент им рекол на продуцентите дека таа ќе го напушти снимањето и дека нема да се врати ако и понатаму се чувствува нелагодно покрај познатиот актер кој ја опседнувал. Сара вели дека потоа, тој престанал да ја малтретира, но и покрај тоа сфатила дека тој никогаш нема да се смени.
„Тој е формирана личност и јасно ми беше дека нема да се смени. Но, се чувствував подобро и посигурно, па можев да го завршам договореното“, изјави актерката.
Фото: „The Independent“