Нина Бадриќ денес слави роденден. Хрватската поп-ѕвезда е родена на 4 јули 1972 година во Загреб. Фановите ѝ честитаат, а оние покреативните споделуваат и фотографии од разни фази од нејзината богата 25-годишна кариера. Една од нив е и оваа фотографија од 1993 година.
Бадриќ минатата година го одржа својот прв целовечерен концерт во Скопје во Македонската филхармонија. Пред шоуто во интервју за „Женски магазин“, меѓу другото, порача дека љубовниот живот не сака да го споделува со јавноста, не за да направи мистерија од него, туку затоа што сака да докаже дека една жена која се издржува самата, треба да живее само од музиката, не и од сензациите. По разводот со Бернард Красниќ, ја врзуваа со неколку малку или повеќе познати мажи од регионот.