Моден фокус // Трендови
(ФОТО) Сакоата ѝ се слабост: Елизабета Канческа-Милевска доследна на стилот
Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска е жена која секогаш внимава на својот изглед, а со оглед на стилот преферира лежерна и софистицирана елеганција.
Секогаш става акцент на сакоата кои често ги комбинира со впечатлив накит или брош.
Кога станува збор за дрес кодот на политичарите, неопходно е да се стави акцент на елеганцијата, која дополнително придонесува за поголема претставителност. Од друга страна, можноста за комбинации кај жените политичари е поголема токму поради изборот на дополнителни модни додатоци, кои може да бидат клучни за визуелниот изглед.
Поранешната министерка за култура која рекордни девет години беше на чело на овој ресор, има секогаш средена и фенирана фризура, и природен мејкап.