(ФОТО) Сани со емотивна посвета за ќерката Викторија

Добивај вести на Viber

Со емотивна порака на социјалните мрежи, познатата фолк-пејачка Сања Гроздановска - Сани ѝ го честиташе роденденот на својата постара ќерка Викторија.

- Мојата поддршка, мојата другарка, мојата среќа, мојата душа и срце, моето сè! Мојот свет денес полни 9 години. Среќен роденден кукло мајкина, да си жива и здрава - напиша таа на „Фејсбук“.

Викторија е ќерка од првиот брак на пејачката која пред две години по вторпат се омажи. Партнерот Мартин Гроздновски го запозна на еден од нејзините настапи, а круна на нивнта љубов е ќерката Ева која во ноември ќе наполни една година.