(ФОТО) Се појави во јавноста: Снаата на Брена пред породувањето

Добивај вести на Viber

Пејачката Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ секој ден треба да станат родители, а како што медиумите веќе објабвија, двојката чека машко дете кое ќе се вика Александар. 

Идните родители го подготвуваат новиот дом за нив и за синот, каде што деновиве треба да се преселат. За време на уредувањето на домот многу им помогнале и Лепа Брена и таткото на Филип, Боба Живојиновиќ. Јавноста за прв пат имаше можност да ја види Александра пред породувањето на фотографиите кои ги направи емисијата „Папарацо лов“.

Брена и Боба им помагале на идните родители во уредувањето на домот 

Александра и Филип купија куќа на Бежанијска коса во Белград, населбата во која живеат Брена и Боба. Наводно, куќата ги чинела 500.000 евра, пишува босанскиот портал „Аваз“.