(ФОТО) Се прифатив себеси: Андрија Милошевиќ се преполови

Добивај вести на Viber

Познат по мал милион забавни улоги во серии на Балканот, по своите „стенд ап“ настапи, по театарските забавни ликови, како и по својот ведар дух, харизматичниот црногорец Андрија Милошевиќ има 40 години, а од 2003-тата брои безброј улоги со кои стана еден од омилените актери на нашите простори. 

Андрија е во врска со својата колешка, 10 години помладата актерка Александра Томиќ. Иако се уште не се одлучила за брак, заљубената двојка постојано објавува заеднички моменти на социјалните мрежи, а многумина коментираат дека токму Александра е причината што актерот драстично ослабна.

- Уште се навикнувам дека остана само половина од мене, а другата половина си замина кај себе.. - напиша низ шега Андрија под една од своите фотки на Инстаграм, каде доби многу позитивни коментари за својот нов изглед.

Имено во претходно интервју за Стори, Андрија изјави дека е среќен што ја пронашол вистинската жена.

Како мал сакал да биде фудбалер, да свири пијано, одлично пее, но сепак се одлучува за глумата.

- Тоа е тоа. Јас сум она што сум. Се прифатив себеси и мојата улога во овој живот. Среќен сум затоа што го правам она што го сакам и тоа за што ме создаде Бог. Имам цел. Гледаш, во моментот кога станав свесен за мојата смртност, во тој момент престанав да врескам над себе и сериозно да ги доживувам сите можни тривијали. Живеам и не ми паѓа на памет да го правам тоа без насмевка - изјави Андрија во интервју за српски Курир.