(ФОТО) ШОН ПЕН ВРСНИК СО ТАТКОТО НА НЕГОВАТА ДЕВОЈКА
Во петок ќе наполни 58 години, а роденденот ќе го прослави со девојката Лејла Џорџ која има само 26 години. Двојниот оскаровец ужива во романсата со младата актерка, инаку ќерка на Винсент Донофри, ѕвездата од хит-серијата „Закон и ред“. Нејзиниот татко е врсник со Пен, а нејзината мајка, италијанско-австралиската актерка Грета Скаки е само една година помлада од славниот актер.
Шон и Лејла наводно се во врска две години, а моментално летуваат на Хаваите. Шон кој важи за еден од најголемите холивудски заводници четири години беше во брак со Мадона, од 1985 до 1989 година, а со колешката Робин Рајт со која има две деца издржа дури 14 години. Пен пред три години ја прекина кратката романса со Шарлиз Терон, а претходно кратко се забавуваше и со Скарлет Јохансон.